27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелзи го освои Лига купот

Челзи го освои Лига купот

Screen-Shot-2015-03-01-at-10.41.19-PM

Фудбалерите на Челзи го совлада Тотенхем со 2:0 (1:0) и го освоија трофејот во англискиот Лига куп.

Челзи до победата стигна со головите на Џон Тери во 45. и Диего Коста во 56.минута од натпреварот.

Тери во финишот на првото полувреме ја искористи грешката во одбраната на Тотенхем, сам прими една топка на осум метри од голот и го совлада Лорис.

Вториот гол Диего Коста го постигна со помош на Кајл Вокер. Бразилецот со шпански пасош успеа да се пробие по левата страна и се обиде да испрати центаршут но топкта удри во ногата на Вокер и заврши зад грбот на Лорис.

Челзи ја освои петтата титула во Лига купот, трета под водство на Жозе Мурињо, претходните беа освоени во сезоните 2004/2005 и 2006/2007.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП