6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНе помага и Пипан, нов пораз на МЗТ

Не помага и Пипан, нов пораз на МЗТ

aba-liga

Кошаркарите на МЗТ загубија од Олимпија со 57:76 (14:20, 14:19, 13:18,16:19) во 23.коло во регионалната АБА лига. МЗТ против Олимпија го забележа шестиот последовен пораз, вкупно 17-ти во регионалната конкуренција поради што се наоѓа на претпоследното место на табелата.

На овој натпревар МЗТ од клупата го предводеше Алеш Пипан човек кој во сезоната 2012/2013 ја освои двојната круна со ‘металците’. Сепак ниту враќањето на Пипан, кој во МЗТ дојде токму од Олимпија, не успеа да ги тргне од летаргијата кошаркарите на македонскиот шампион.

Олимпија водеше од почетокот до крајот, во секоја четвртина ја надоградуваше својата предност и заслужено стигна до 13-та победа во првенството со која се наоѓа на петтото место на табелата, но и со минимални шанси да избори пласман во разигрувањето за титулата.

Со процент на реализиција од 38 отсто и со само три погодени тројки од 22 обиди МЗТ тешко дека би можел да победи и екипа со послаб квалитет од оној кој го има Олимпија. Тимот од Љубљана го торпедираше кошот на МЗТ со ударите за три поени (10-19) и со вкупен шут од 48 отсто.

Препелиќ со 18 и Мариновиќ со 15 поени беа најефикасните играчи на Олимпија, додека Лучиќ со 15 поени беше единствениот со двоцифрен број на поени кај МЗТ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП