2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПМФЛ: Вардар експресно го реши Силекс

ПМФЛ: Вардар експресно го реши Силекс

mkd-179217

Со натпреварите од 18.коло, во неделата, по три месечна пауза продолжи фудбаскиот шампионат на Македонија.

Есенскиот првак Вардар, во чии редови дебитираа Блажевски, Попов и Ибричиќ убедливо славеше во Кратово. Вардар головите ги постигна во првите 20 минути од натпреварот, Ивановски ја отвори серијата, засилувањето Блажевски со два гола ја затвори.

Тетекс во градската пресметка загуби од Шкендија и остана закован за дното на табелата, Брегалница го изненади Пелистер во Битола, а Работнички минимално славеше над Турново.

Резултати 18.коло

Тетекс-Шкендија 1:2

Силекс-Вардар 0:3

Пелистер-Брегалница 0:1

Работнички-Турново 1:0

Ренова-Металург (2.март)

Табела, 18. Коло: 1. Вардар 41, 2. Работнички 38, 3. Шкендија 33, 4. Силекс 25, 5. Металург 24 (-1), 6. Ренова 23 (-1), 7. Турново 21, 8. Пелистер 18, 9. Брегалница  16, 13. Тетекс 6.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП