26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПочина првиот црн играч во NBA

Почина првиот црн играч во NBA

erl

Првиот црнокож кошаркар кој заигра во најсилната кошаркарска лига во светот – американската NBA, Ерл Лојд, починал во четвртокот во Детроит на возраст од 86 години.

Лојд во 1950 година станал член на тогашните Сирјакуз Нешнел, денешните Филаделфија Севентисиксер, а истата сезона со него во NBA дебитирале и уште тројца црни кошаркари, Чак Купер во Бостон Селтикс, Натаниел Клифтон во Њујорк Никс, како и Хенк Дезони во тимот Ренс кој се натпреварувал во другата американска професионална лига NBL.

Ерл Лојд студирал во сојузната држава Западна Вирџинија, со чија кошаркарска екипа станал двократен (1948 и 1949 година) шампион на финалниот турнир на конференцијата CIAA.

На драфтот во 1950 година бил избран во деветтиот круг како 107-ми играч од страна на Вошингтон Капиталс. Дебитирал на 31-ви октомври 1950 година против Рочестер Ројалс станувајќи првиот афроамериканец кој заиграл во NBA.

Во NBA минал девет сезони одиграл повеќе до 560 натпревари, со просечен учинок од 8,4 поени и 6,4 скокови, а во 1955 година ја освоил и титулата со Нешнелсите. Во сезоната 1971.72 беше главен тренер на Детроит Пистонс. Во 2003 година Лојд, кој го носеше прекарот Големата мачка, влезе во кошаркарската Куќа на славните поради неговиот значителен придонес во развојот на кошарката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП