23 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОРК Металург ангажираше тројца ракометари

РК Металург ангажираше тројца ракометари

metalurg n

На истекот на преодниот рок ракометниот клуб Металург ангажираше тројца нови играчи. Нови играчи на се уште актуелниот шампион се голманот Дамир Ефендиќ, десниот бек Ѓорѓе Голубовиќ и пикерот Драган Вргоч.

Голманот Ефендиќ има 25 години во Скопје дојде од екипата на Босна од Сараево, тој потпиша договор до крајот на сезоната со можност истиот да биде продолжен.

Десниот бек Голубовиќ има 23 години, а негов последен клуб во кариерата бил шпанскиот Хихон. Во кариерата, Голубовиќ, кој може да игра и како десно крило, има играно за Партизан, Адемар Леон и Чугру. И тој како и Ефендиќ потпиша договор до крајот на оваа сезона со можност тој да биде продолжен.

Вргоч игра на пикерската позиција, има 24 години, а во Металург дојде од финскиот Атлас. Во кариерата Вргоч има играно и за тимот на Сплит. Вргоч, исто како и Ефендиќ и Голубовиќ, потпиша договор до крајот на сезоната со можност за продолжување.

Новите ракометари на тренерот Лино Червар ќе му се стават на располагање в понеделник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП