17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПобеди на Атланта и ГС, нов ‘трипл дабл’ на Вестбрук

Победи на Атланта и ГС, нов ‘трипл дабл’ на Вестбрук

NBA: Phoenix Suns at Oklahoma City Thunder

Водечките екипи во НБА лигата, Голден Стејт и Атланта забележаа победи над Торонто односно Орландо. Оклахома загуби од Портланд и покрај тоа што Расел Вестбрук трет натпревар во низа забележа ‘трипл дабл’.

Атланта славеше над Орландо со 95:88, Перо Антиќ мечот го заврши со три поени, пет скока и две асистенции. Пол Милсап ја предводеше Атланта со 20 поени, додека Џеф Тиг и Ал Хорфорд постигнаа по 17.

Црногорецот Никола Вучевиќ со 21 поен и 15 скока беше најекспонираниот играч на Орландо.

Голденс Стејт славеше во Торонто со 113:89. Лидерот во лигата до победата го предводеа Клеј Томпсон и Стеф Кари кои заедно искомбинираа 47 поени. Томпсон постигна 25, а Кари 22 поени.

Оклахома загуби од Портланд со 112:115, а Расел Вестбрук повторно запиша ‘трил дабл’. Бекот на Оклахома натпреварот го заврши со 40 поени, 13 скокови и 11 асистенции. Вестбрук е првиот играч по Леброн Џејмс во 2009 година кој запишал трипати двојно на три натпревари по ред.

Ламаркус Олдриџ и Демијан Лилард го предводеа Портланд со по 29 поени.

Денвер е во серија од пет порази откако загуби од Јута (82:104), Сан Антонио стави крај на низата од четири порази со триумфот над Сакраменто (107:96), додека Мемфис загуби од ЛА Клиперс (97:79).

Њујорк по едно продолжение славеше над Детроит (121:115), во регуларниот дел мечот заврши 95:95. Бостон го совлада Шарлот (106:98), Индијана славеше над Кливленд (93:86), Хјустон го победи Бруклин (102:98), Мајами минимално загуби во Њу Орлеанс (104:102), Чикаго без Дерик Роуз ја совлада Минесота (96:89), а Лејкерси триумфираа над Милвоки (101:93).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП