13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗа титулата во Дубаи ќе се борат Федерер и Ѓоковиќ

За титулата во Дубаи ќе се борат Федерер и Ѓоковиќ

nole fedex

Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер ќе играат во денешното финалето на АТП турнирот во Дубаи (16:00 часот). Во полуфиналните мечеви Ѓоковиќ го совлада Томаш Бердих, а Федерер хрватскиот тинејџер Борна Чориќ.

Ѓоковиќ го загуби првиот сет на турнирот, но сепак успеа да ја забележи 19-та победа во 21-от меч со Бердих. Српскиот тенисер славеше со 6:0, 5:7, 6:4.

За разлика од Ѓоковиќ, Федерер го декласираше Чориќ кој во претходната рунда го победи Енди Мареј, со 6:2, 6:1.

Финалниот меч ќе биде 37-та пресметка помеѓу Ѓоковиќ и Федерер, Швајцарецот води со 19-17, но кога се во прашање меѓусебните пресметки во финалињата на АТП турнирите тука води Ѓоковиќ со 7-4.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП