28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛига Европа: Рома на Фиорентина, Интер против Волфсбург

Лига Европа: Рома на Фиорентина, Интер против Волфсбург

evro liga 1

Во Нион каде се наоѓа седиштето на УЕФА, денеска, беа извелечени осминафиналните двојки во фудбалската Лига Европа. Ова фаза носи една италијанска и една шпанска пресметка, а дерби ќе бидат дуелите меѓу Волфсбург и Интер, односно Фиорентина и Рома.

Инаку поради случувањата во Украина, УЕФА реши дека украинските и руските екипи нема да може да играат меѓу себе. Така, Динамо Киев ќе игра против Евертон, а Дњипро против Ајакс, додека руските тимови за противници добија екипи од Италија, Динамо Москва ќе игра против Наполи, а Зенит против Торино.

Бранителот на титулата Севилја во шпанската пресметка ќе игра против Виљареал, додека турскиот Бешикташ кој го елиминира Ливерпул ќе игра против Бриж.

Осминафиналните натпревари на програмата ќе бидат на 12-ти и 19-ти март, четвртфиналињата ќе се одиграат на 16-ти и 23-ти април, полуфиналињата се на 7-ми и 14-ти мај, а големото финале ќе се одигра во Варшава на 27-ми мај.

Победникот во Лига Европа ќе избори пласман во Лигата на шампиони во наредната сезона.

Лига Европа, осминафинале:

Динамо Киев-Евертон

Дњепар-Ајакс

Зенит-Торино

Волфсбург-Интер

Виљареал-Севилја

Наполи-Динамо Москва

Бриж-Бешикташ

Фиорентина-Рома.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП