3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТајлер Блекет го обнови договорот со Манчестер Јунајтед

Тајлер Блекет го обнови договорот со Манчестер Јунајтед

blenket

Дефанзивецот Тајлер Блекет го обнови договорот со Манчестер Јунајтед до 2017-та година, а има опција договорот да биде продолжен за уште една година.

Блекет е третиот талентиран играч од школата на „црвените ѓаволи“, кој во последните недели го обновува договорот со клубот, откако пред него тоа го сторија Џеси Лингард и Патрик МакНер.

20-годишниот фудбалер ќе добива плата од 20 илјади фунти неделно. Досега тој добиваше 2 илјади фунти неделно.

„Многу сум возбуден дека го потпишав мојот нов договор со клубот. Симпатизер сум Манчестер Јунајтед во текот на целиот мој живот. Јас сум во клубот од осумгодини“, сподели Блекет пред официјалниот сајт на „црвените ѓаволи“.

„Да преминам од академијата и да го направам моето деби во оваа сезона е остварување на сонот. Се надевам дека ќе продолжам да се развивам“, додаде дефанзивецот.

„Задоволен сум што Тајлер потпиша нов договор. Тој е уште еден млад фудбалер кој излезе од академијата и е дел во првиот состав во оваа сезона. Тој има голем потенцијал и верувам дека се наоѓа во вистински тим, за да продолжи со развојот и да се претвори во еден голем дефанзивец“, коментира менаџерот на Манчестер Јунајтед, Луис Ван Гал.

Тајлер Блекет има 10 натпревари од почетокот на сезоната за првиот состав на Манчестер Јунајтед. Последниот на кој тој настапи е на 11-ти јануари при поразот со 0: 1 од Саутемптон на „Олд Трафорд“.

Рис Џејмс исто така го обнови договорот со Манчестер Јунајтед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП