Бекот на Флорида Стејт, Савијер Рејтан-Мејнс, на натпреварот со Мајами Хaрикeнс имаше неверојатно шутерско шоу, постигна 35 поени, но не му помогна на тимот да го избегне поразот од 81:77.
Имено, Рејтан Мејнс во последните четири минути и 38 секунди постигна неверојатни 30 поени. Бекот на Флорида постигна 26 поени во низа (шест тројки), а во последните пет минути од поле промаши само два шута (8/10).
„Никогаш претходно не сум видел нешто вакво. Во целата моја кариера како колеџ тренер ова не ми се случило. Навистина неверојатно“, рекол тренерот на Мајами, Џим Ларанага кој во колеџ кошарката зад себе има 934 натпревари.
Слично како и тренерот на противничкиот тим, и самиот Рејтан-Менјс не можел на објасни што точно му се случи во послендите пет минути.
„Беше навистина лудо. Му кажав на татко ми дека бев во ’зоната’ како никогаш досега. Имав чувство како да сум сам во салата, сé некако беше тивко…Тешко е да се опише чувството. Соиграчите му ја зголемија самодовербата, сакав да сторам се за да победиме, но за жал имавме преголема негатива“, рекол 20-годишниот Рејтан-Мејнс.
Бекот на Флорида Стејт во досегашниот дел од сезоната просечно по натпревар има учинок од 14,4 поени, 3,5 скока и 4,4 асистенции.