17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈокохама е новиот спонзор на Челзи (фото+видео)

Јокохама е новиот спонзор на Челзи (фото+видео)

joko celzi

Раководството на Челзи ја потврди вестта дека постигнале договор за промена на генералниот спонзор на клубот.

На официјална церемонија на „Стемфорд Бриџ“, во која учество зедоа менаџерот на „сините“ Жозе Мурињо и капитенот на тимот Џон Тери, беше претставен спонзорскиот договор на клубот со јапонската компанија за автомобилски гуми Јокохама.

joko celzi222

Се очекува зделката да му носи на Челзи 40 милиони фунти годишно, што е двојно повеќе од 18-те милиони кои до моментов клубот ги добива од Самсунг.

Јокохама продолжува со инвестиции во спортот, откако финансиска корист од јапонскиот концерн имаат корист уште екипите на Бостон Селтикс и Сан Антонио Спарс во НБА.

Логото на Јокохама ќе се појави на дресовите на Челзи и ќе остане таму барем во рамките на следните пет години.

„За нас е вистинско задоволство да ја поздравиме компанијата Јокохама како наш нов официјален партнер за дресовите на првиот тим. Гледаме напред кон успешно партнерство со оваа компанија. Челзи и Јокохама се совршен пар. И двете организации се глобално фокусирани на добрата презентација и иновации. Веруваме дека Јокохама ќе има клучна улога во нашата потрага да навлеземе повеќе во пазари како оној во САД, каде што со години се стремиме да се пробиеме“, коментира претседателот на Челзи, Брус Бак.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП