7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛеброн блескаше против ГС, нов ’трипл дабл’ на Вестбрук

Леброн блескаше против ГС, нов ’трипл дабл’ на Вестбрук

lebron654564

Две средби се одиграа во НБА лигата во ноќта помеѓу четвртокот и петокот, Кливленд предводен од Леброн Џејмс го декласира лидерот Голден Стејт, додека Оклахома загуби од Феникс иако Расел Вестбрук запиша нов ’трипл дабл’.

Кливленд го совлада Голден Стејт со 110:99 и ја забележа 18-та победа на последните 20 натпревари против овој противник.

Леброн Џејмс со сезонски рекорд од 42 поени, 11 скока и 5 асистенции го предводеше тимот до победата. ’Кралот Џејмс’ доби поддршка од Кајри Ирвинг (24 поени), Кевин Лав (16 поени, 8 скока) и Тимофеј Мозгов (10 поени, 10 скока).

Најефикасен играч на Голден Стејт беше Дејвид Ли со 19 поени, додека Стеф Кари постигна поен помалку.

Феникс со триумфот од 117:113 ја прекина серијата од седум победи во низа на Оклахома. Расел Вестбрук на 13 секунди до крајот резлизираше 2+1 и му донесе продолжение на својот тим, но истиот играч на шест секунди до крајот на продолжението промаши за ново израмнување.

Вестбрук 31 пoен постигна во второто полувреме и продолжението, а натпреварот го заврши со 39 поени, 14 скокови и 11 асистенции.

Феникс до 31-та победа во првенството го предводеа Маркиф Морис со 29 и Алекс Лен со 21 поен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП