16 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛига Европа: Крај за Ливерпул и Тотенхем

Лига Европа: Крај за Ливерпул и Тотенхем

lll5

Бешикташ и Ливерпул го одиграа најдрамтичниот реванш во 1/16 финалето во фудбалската Лига Европа. Пласман во осмина финалето дури по изведувањето на пенали избори Бешикташ.

Турскиот клуб во 75.минута со голот на резервистот Толгај Арслан успеа да ја анулира предноста на Ливерпул и да избори продолженија. Во продолженијата ниту еден од тимовите не ризикуваше по што започна пенал серијата.

Изведувачите на двете страни беа сигурни во првите четири серии, во петтата стрелецот Арслан постигна гол, додека Дејан Ловрен шутираше високо над голот, па Бешикташ мина во наредната фаза.

Настапите во Лига Европа ги заврши и Тотенхем кој двомечот со Фиорентина го загуби со 3:1. По 1:1 во Лондон Фиорентина во реваншот славеше со 2:0 со головите на Марио Гомез и Салах.

Осминафинале во Лига Европа изборија: Зенит, Динамо Москва, Севилја, Ајакс, Динамо Киев, Фиорентина, Виљареал, Бешикташ, Интер, Евертон, Бриж, Торино, Волфсбург, Дњипро, Наполи и Рома.

Резултати:

Зенит-ПСВ 3:0, прв натпревар 1:0

Динамо Москва-Андерлехт 3:1, прв меч 0:0

Борусија М.-Севилја 2:3, прв меч 0:1

Легија-Ајакс 0:2, прв меч 0:1

Динамо Киев-Генган 3:1, прв меч 1:2

Фиорентина-Тотенхем 2:0, прв меч 0:1

Салцбург-Виљареал 1:3, прв меч 1:2

Бешикташ-Ливерпул 1:0, пенали 5:4, прв меч 0:1

Интер-Селтик 1:0, прв меч 3:3

Евертон-Јанг Бојс 3:1, прв меч 4:1

Бриж-Олборг 3:0, прв меч 3:1

Атлетик Билбао-Торино 2:3, прв меч 2:2

Спортинг Лисабон-Волфсбург 0:0, прв меч 0:2

Олимпијакос-Дњепар 2:2, прв меч 0:2

Наполи-Трабзон 1:0, прв меч 4:0

Феенорд-Рома 1:2, прв меч 1:1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП