Фудбалерот Серхио Бускетс демонстрира лојалност кон Барселона и потпиша нов договор со клубот до летото 2019-та година. Договорот вклучува и опција за продолжување за уште 12 месеци.
За преговорите меѓу двете страни се знаеше речиси од почетокот, тие не беа особено тешки, а денес беа расчистени и последните мали детали. Според новиот договор Бускетс ќе стане четвртиот најдобро платен фудбалер на каталонците, а единствено Лионел Меси, Чави Хернандез и Андрес Иниеста ќе добиваат повеќе пари од него. Па така, шпанскиот репрезентативец годишно ќе заработува по 10 милиони евра.
Во исто време во договорот на Бускетс е вклучена и ослободувачка клаузула во вредност од 175 милиони евра.
Бускетс пристигна во Барса на 17-годишна возраст, а го направи своето деби за првиот тим на 13-ти септември 2008-ма година на дуелот со Расинг Сантандер.
Досега тој има 312 натпревари за каталонците, во кои освои 16 трофеи, а притоа постигна и шест гола. Досегашниот му договор истекуваше во летото 2016-та година.