
Претседателот на ЖРК Вардар Гордана Нацева демантира дека клубот потпишал договор со Кристина Кристијансен.


Претседателот на ЖРК Вардар Гордана Нацева демантира дека клубот потпишал договор со Кристина Кристијансен.
Во неделата во македонската, но и во јавноста во регионот се шпекулираше дека 25-годишната репрезентативка на Данска и ракометарка на Холстебро од наредната сезона ќе го носи ’црвено-црниот’ дрес.
„Клубот не стапил во никакви преговори со неа и клубот нема потпишано договор со Кристијансен. Според нашите информации таа веќе потпишала во Данска со клуб кој можеби и ќе испадне од лигата. Значи ЖРК Вардар нема потпишано со Кристијансен“, вели Нацева.