23 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПарма го продава инвентарот за да се спаси од банкрот

Парма го продава инвентарот за да се спаси од банкрот

fc parma 2

Италијанскиот гигант Парма се наоѓа пред банкрот, беше исфрлен од Серија А, а раководството и играчите прават се што можат за да го избегнат најлошото сценарио.

Доколку успеат колку-толку да ја нормализираат состојбата во клубот, постои можност сепак да ја завршат тековната сезона, во која по 23 одигра кола се наоѓаат на последното место со само десет бодови.

Минатиот викенд дуелот против Удинезе беше откажан, а причината за тоа беше што од Парма немаа можност да ги платат редарите и полициските сили, а вработените во клубот и играчите немаат земено плата повеќе од седум месеци.

Двојниот освојувач на Купот на УЕФА, е продаден двапати за само еден месец по цена од едно евро, а играчите и покрај тешката ситуација покажуваат дека Парма им е пред се.

Капитенот на екипата, Алесандро Лукарели најави борба за клубот кој несака да го напушти и во случај да биде во аматерска лига, истакнувајќи дека Парма е „оставена да умре“. Исто така, играчите рекоа дека на неделниот натпревар против Џенова во истоимениот град ќе патуваат во сопствена режија, со цел дополнително да му помогнат на клубот, но очигледно ни тоа не е доволно.

Претседателот на Парма, Џампјетро Манети се обидува на сите начини да обезбеди пари за да може клубот да успее да се избори со долгот од 100 милиони евра, а последниот во низата на очајнички потези е продажбата на основните средства на клубот.

Tака на аукцијата која е закажана за петти март ќе се најдат ормари од соблекувалната и клупите, а почетната цена за секој предмет е 2.000 евра.

„Наредната средба ќе биде одиграна според планот, па тогаш ќе видиме кога ќе можеме да го одиграме одложениот натпревар со Удинезе. Ќе видиме како се ова ќе заврши“, вели Маненти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП