4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАлонсо ја пропушта ГН на Австралија?

Алонсо ја пропушта ГН на Австралија?

alonso bolnica

Директорот на Мекларен, Луис Гарсија Адаба, изјавил дека Фернандо Алонсо би можел да ја пропушти трката за Големата награда на Австралија, со која ќе започне новата сезона во Формула 1.

Шпанскиот возач неодамна имаше инцидент за време на тестирањата во Барселона кога со својот болид удри во заштитниот ѕид, поради што четири дена мина во болница.

Алонсо болницата ја напуштил во средата и веднаш заминал во семејниот дом во Овиедо.

Двократниот светски првак нема да учествува на завршните тестирања во Барселона.

„За нас е важно тој да биде на последната трка во Абу Даби, тогаш ќе се решава кој ќе биде светски шампион“, рекол Адаба.

Новата сезона во Формула 1 ќе започне во Мелбурн на 15-та март со трката за Големата награда на Австралија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП