Перо Антиќ без постигнат поен (0/3 за три поени), два скока и една асистенција учествуваше во победата на Атланта над Далас (104:87).
Лидерот на Истокот стигна до 45-та победа во првенството, а најефикасен кај ’јастребите’ беше Денис Шредер со 17 поени. Инаку покрај Германецот и сите од стартната петорка на Атланта постигнаа двоцифрен број на поени: Корвер 16, Милсап 15, Керол 13, Хорфорд и Тиг по 11.
Далас на овој меч настапи без Режон Рондо кој од клубот доби суспензија поради вербалниот судир со тренерот на претходниот натпревар. Монта Елис со 19 поени беше најефикасен кај Далас.
Хјустон славеше во дербито против ЛА Клиперс (110:105). Џејмс Харден го предводеше тимот со 21 поен и 10 асистенции, додека Кори Бруер постигна поен помалку.
Џамал Крафорд беше најефикасен кај Клиперси со 24 поени, додека по 22 постигнаа Крис Пол и Деандре Џордан, покрај тоа Пол имаше и 14 асистенции, а Џордан 19 скокови.
Кевин Гарнет кој по осум години се врати во Минеполис го одигра првиот натпревар во старо-новиот клуб. Минесота славеше убедливо над Вашингтон (97:77), а Гарнт имаше учинок од пет поени, осум скока и две блокади. Минесота ја предводеше Реџи Џексон со 28 поени.
Интересно Гарнет во стартната петорка заигра со Ендрју Вигинс, кошаркар кој е роден во 1995 година кога Гарнет дебитираше за Минесота.
Мајами во дербито на Флорида по едно продолжение славеше над Орландо со 93:90. Мајами до третата победа на последните четири натпревари го предводеа Луол Денг со 21 и Двејн Вејд со 18 поени.
Чикаго без Дерик Роуз за кого сезоната заврши загуби на домашен терен од Шарлот (86:98). Мајкл Кид-Гилкрист со 18 поени 12 скока беше најефикасниот играч на Шарлот, додека Пау Гасол се истакна кај Чикаго со 25 поени и 13 скокови.
Резултати: Бостон – Њујорк 115:94, Милвоки – Филаделфија 104:88, Њу Орлеанс – Бруклин 102:96, Денвер – Феникс 96:110, Јута – ЛА Лејкерс 97:100, Сакраменто – Мемфис 102:90, Портланд – Сан Антонио 111:95.