Кошаркарите на Кожув славеа во Софија над Рилски спортист со 88:86 и изборија пласман во полуфиналето во БИБЛ лигата.
Тимот од Гевгелија до победата го предводеа Јањушевиќ со 21, Шепа со 18 и Брчков кој постигна 17 поени.
Во последното коло од групата Кожув ќе гостува кај Сутјеска додека Приштина ќе го пречека Рилски спортист.