17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОIHF: Карабатиќ и Аморим најдобри во 2014 година

IHF: Карабатиќ и Аморим најдобри во 2014 година

karabatic-amorin

Никола Карабатиќ е најдобриот ракометар, а Едуарда Аморим најдобра ракометарка во 2014 година, објави во средата Меѓународната ракометна федерација (IHF).

Во изборот гласале новинари, ракометни стручњаци и 55.000 навивачи од целиот свет. Карабатиќ добил 33,7 отсто од гласовите и втор пат ја освои оваа награда, додека Аморим доби 35,2 отсто од гласовите и е втората Бразилка во последните три години која ја добила наградата.

Во изборот за најдобар ракометар во светот зад Карабатиќ се најдоа Данецот Микел Хансен (21 %) и Французинот Тијери Омејер (19,5%).

Инаку покрај Карабатиќ досега оваа престижна награда два пати ја добивале уште само Талант Душебајев и Ивано Балиќ.

Бразилката Аморим до наградата стигна пред Романката Кристина Неагу и Данката Хајди Локе. крај

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП