17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМечевска повеќе не е во животна опасност

Мечевска повеќе не е во животна опасност

robertina mecevska 24

Ракометарката Робертина Мечевска (30), која пред две недели падна од петтиот кат во зградата во која што живее во населбата Аеродром, повеќе не е во животна опасност се наоѓа во стабилна состојба, објави Утрински весник.

„Се наоѓа во стабилна состојба, не е животно загрозена, во петок се планира хируршка интервенција, да се интервенира на лумбалниот дел од ’рбетот. Извадена е од респиратор, од машина за дишење, дише спонтано, свесна е, будна, без невролошки испади“, изјавил за Утрински весник д-р Сашо Поповски од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ).

Како што вели тој работите засега одат кон подобро, но секогаш треба да се има предвид дека може да се случи некое изненадување.

Мечевска по падот од петтиот кат веднаш беше пренесена во Ургентниот ценар, каде што успешно ја преброди хируршката интервенција, во која било спречено внатрешното крварење, но поради тешкото оштетување на слезината, таа и беше отстранета.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП