22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИKBC Bank-Белгија ја награди Комерцијална банка

KBC Bank-Белгија ја награди Комерцијална банка

kbc

KBC Bank Белгија ја награди Комерцијална банка АД Скопје за извонредност во извршувањето на плаќањата кон странство за 2014-та – Euro STP Excellence Award.

Комерцијална банка АД Скопје успеа во 2014-та година да постигне 99,05% процесирање на дознаките без потреба од рачна интервенција, што е исклучително висок успех.

Ова е уште една потврда дека напорите што Комерцијална банка ги вложува во областа на меѓународните плаќања за своите клиенти, овозможуваат да се постигнат исклучително високи стандарди во оперативните процеси.

Во текот на 2014-та година, преку системот за меѓународни плаќања, Комерцијална банка има извршено 70988 плаќања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП