15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТренерот на Атланта верува во Антиќ

Тренерот на Атланта верува во Антиќ

Pero-Antic

Тренерот на Атланата Хокс, Мајк Баденхолцер, изјавил дека верува во Перо Антиќ, иако поранешниот македонски репрезентативец се наоѓа во послаба шутерска форма во однос на минатата сезона.

Антиќ сезонава има просек од 5,7 поени и 3 скока по натпревар и реализација од 29 отсто во ударите за три поени. Во својата руки сезона Антиќ имал учинок од 7 поени и 4,2 скока по натпревар и реализација од 33 отсто во обидите за три поени.

„За ова разговараме откако Перо дојде овде. Тој многу работи прави онака како што треба. Секако дека би сакал да ги погодува шутевите, но мислам дека кај некои играчи премногу се потенцира тоа. Кога ќе го погледнете неговиот допринос во играта во различни статистички категории ќе видите дека тој е голем плус за нас. Но говориме да продолжи да шутира, веруваме во него, сигурен сум дека ќе почне да погодува“, рекол Баденхолцер.

На крајот на сезоната Перо Антиќ ќе се стекне со статус на ограничено слободен агент, но од Атланта најавија дека сакаат да го задржат во тимот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП