19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФИФА: Нема да има компензација за клубовите

ФИФА: Нема да има компензација за клубовите

f fudbal

Светската фудбалска федерација (ФИФА) соопшти дека нема да има компензација за европските клубови поради тоа што Светското првенство во 2022-ра година ќе биде одржано во ноември и декември.

„Нема да има компензација. Седум години е доволен период за нова организација“, рекол генералниот секретар на ФИФА, Жером Валке на прес конференцијата во Доха.

Асоцијацијата на европските клубови, чии членови за највлијателните клубови од Англија, Германија, Шпанија побара во вторникот компензација од ФИФА, односно надомест на трошоците поради новиот календар.

Работната група на ФИФА предложи СП во 2022-ра година чии домаќин ќе биде Катар да се одржи во зимскиот период поради екстремно високите температири кои во оваа земја владеат во текот на летото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП