2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПронајден начин за рана дијагноза на Алцхајмер и Паркинсонова

Пронајден начин за рана дијагноза на Алцхајмер и Паркинсонова

249780

Мексикански научници тврдат дека развиле тест, со кој рано може да се открие постоење на Алцхајмерова или Паркинсонова болест.

Екипа научници од Универзитетската болница Сан Луис Потоси во Мексико, на чело со Идефонс Родригез Леви, откриле дека со тест на кожата може да се одреди ненормално ниво на протеини кои укажуваат на симптоми на Алцхајмер и Паркинсонова.

Во истражувањето учествувале 20 лица со Алцхајмерова болест, 16 лица кои страдаат од Паркинсонова болест, 17 сенилни и 12 здрави лица, на кои им се земени примероци од кожата.

Научниците заклучиле дека на кожата на лицата кои страдаат од Алцхајмерова или Паркинсонова болест постои седумпати поголемо ниво на протеинот тау, кој се наоѓа во келиите на централниот нервен систем.

Резултатите од истражувањето се претставени на 67. Невролошка конференција во САД.

Алцхајмеровата болест е неизлечива и тешка, дегенеративна болест на мозокот, која може да предизвика смрт. Со напредувањето доведува до деменција, губиток на памтењето, пореметено мислење и до промени во однесувањето на личноста како и промени во целокупната личност на болниот. Паркинсоновата болест е болест на пореметени движења поради намалено излачување на хемиската супстанца допамин во делови од мозокот, кој има важна улога во контролата на саканите движења.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП