2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple треба да плати 532,9 милиони долари за случај поврзан со патенти

Apple треба да плати 532,9 милиони долари за случај поврзан со патенти

ap bloomberg

„Apple“ треба да плати 532,9 милиони долари, откако федералниот суд во Далас одлучи дека софтверот на компанијата „iTunes“ користел патентирани пронајдоци на компанија од Тексас, без да побара дозвола за тоа, пренесува „Bloomberg“.

„Smartflash“, основана во 2001-ва година, тврди дека „Apple“ прекршила три од нејзините патенти, поради што компанијата од Тексас бара надомест во износ од 852 милиони долари, додека „Apple“ тврди дека би платила само 4,5 милиони долари.

Федералниот суд во Тајлер, Тексас, каде е базирана „Smartflash“, во вторникот ги отфрли аргументите на „Apple“ дека не ги користела пронајдоците и дека патентите се неважечки.

Спорот е поврзан со управувањето со права и пронајдоци за чување на податоци. „Smartflash“ тврди дека „iTunes“ користел нејзини пронајдоци во апликации како „Coin Dozer“ и „4 Pics 1 Movie“. „Apple“ објави дека ќе поднесе жалба на одлуката на судот.

„„Smartflash“ не произведува ништо, нема вработени, не создава работни места, нема никакво присуство во САД и го експлоатира нашиот патентен систем, затоа што сака да профитира од технологии измислени од „Apple““, изјави портпаролот на „Apple“, Кристин Хенет.

„Game Circus“ и друг развивач на игри – „KingIsle Entertainment“, која ги прави насловите како „Wizard 101“ и „Grub Guardian“, исто така, се обвинети во случајот, но подоцна минатата година биле исклучени од него.

„Smartflash“ сакаше првично 852 милиони долари и тврдеше дека има право на процент од продажбата на уредите на „Apple“, вклучувајќи „iPhone“, „iPad“ и „Mac“, кои се користат за пристап до „iTunes“. Компанијата наведува дека „Apple“ намерно ги прекршила патентите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП