4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШок за Булси, заврши сезоната за Роуз

Шок за Булси, заврши сезоната за Роуз

APphoto_Bulls Rose Basketball

Најдобриот играч на Чикаго Булс, Дерик Роуз, доживеа нов пех во кариерата, откако лекарите констатирале дека по трет пат во кариерата ќе мора да го оперира коленото.

Роуз се пожалил на повреда по мечот со Милвоки, по прегледите лекарите препорачале операција на коленото, што значи дека оваа сезона за него е завршена.

Дерик Роуз поради коленото ја пропушти целата сезона 2012/2013, а поради повредата на менискусот во сезоната 2013/2014 одигра само десет натпревари.

До повредата, оваа сезона, Роуз имаше учинок од 18,4 поени и 5 асистенции по натпревар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП