17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: ’Трипл дабл’ на Вестбрук, осум тројки на Лав

НБА: ’Трипл дабл’ на Вестбрук, осум тројки на Лав

NBA: Indiana Pacers at Oklahoma City Thunder

Кевин Лав, Расел Вестбрук и Стефон Кари ставија печат на натпреварите кои во НБА лигата се одиграа во ноќта помеѓу вторникот и средата. Кевин Лав постигна осум тројки, Вестбрук забележа ’трипл дабл’, а кари постигна 32 поени во победите на Кливленд, Оклахома односно Голден Стејт.

Кари со 32 поени и осум асистенции го предводеше Голден Стејт до победата во Вашингтон од 114:107. Екипата од Оукленд е лидер во лигата со скор 44-10.

Кај Вашингтон Џон Вол и Масин Гортат имаа двоен ефект, Вол (16 поени и 11 асистенции), Гортат (16 поени и 11 скока), додека ветеранот Пол Пирс со 25 поени беше најефикасен во тимот.

Кливленд победи во Детроит со 92:103 со што стигна до 17-пт триумф на последните 19 натпревари. Лав постигна 24 поени (8/14 за три), а Леброн Џејмс имаше учинок од 19 поени, 7 скока, 11 асистенции, но и девет загубени топки.

Реџи Џексон кој минатата недела пристигна од Оклахома го предводеше Детроит со 22 поени, 8 скока и 9 асистенции.

Оклахома славеше над Индијана со 105:92, а Расел Вестбрук уште еднаш ја потврди одличната форма во која се наоѓа од „Ол Стар“ викендот. Бекот на Тандер мечот го заврши со 20 поени, 11 скокови и 10 асистенции. Серж Ибака со 23 поени и 10 скокови и Енес Кантер со 15 поени го пратеа Вестбрук.

Монта Елис со 20 и Дирк Новицки со два поени помалку беа најзаслужните за победата на Далас над Торонто со 99:92.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП