17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЉубичиќ го менува Диксон во МЗТ

Љубичиќ го менува Диксон во МЗТ

Marko-Ljubicic

По елиминацијата во полуфиналето на националниот Куп и загубената титула во ова натпреварување кое МЗТ ја освојуваше три години по ред, управата најавува мини реконструкција на тимот.

Прв кој си замина од „Јане Сандански“ е Американецот Дион Диксон, а неговата замена веќе пристигна во Скопје.

Станува збор за Марко Љубичиќ, кој сезонава во АБА лигата настапуваше за екипата на Металац од Ваљево.

Љубичиќ минататa година играл во шпанска Манреса, а сезонава на 22 натпревари во АБА конкуренцијата во преосек бележел по 7 поени и 4 асистенции по натпревар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП