3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСЕХА: Металург поразен од Загреб

СЕХА: Металург поразен од Загреб

metalurg-kil

Металург загуби од ППД Загреб со 20:23 (5:14) во натпревар од СЕХА лигата кој во вторникот се одигра во арената „Борис Трајковски“.

Младиот состав на Лино Червар одигра две различни полувремиња и на крајот избори чесен пораз.

Првото полувреме играчите го одиграа во контраритам, имаа два долги периоди во кои не постигнаа ниту еден гол (4. до 14.минута и од 22. до 30.минута) што многу поискусниот состав на Загреб го искористи за да создаде убедлива предност од девет гола (5:14).

Гостинскиот тим ја одржуваше убедливата разлика се до 42.минута, кога во серија на одбрани влезе голманот Митревски, а неговите соиграчи се растрчаа по теренот и до крајот на мечот со серија од 10:4 се изборија за поднослив пораз од 20:23.

Голманот Митревски со 16 одбрани беше најдобриот во редовите на Металург, а кога станува збор за стрелците Марко Неловски постигна четири, Ѓукиќ три, а браќата Маџовски, Ојлески и Талевски по два гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП