17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБилетите за дуелот помеѓу Мејведер и Пакиао стигнуваат до 65.000 долари

Билетите за дуелот помеѓу Мејведер и Пакиао стигнуваат до 65.000 долари

tepaci 54

Цените на билетите за боксерскиот „натпревар на векот“ меѓу Мани Пакиао и Флојд Мејведер ќе го соборат рекордот за спортски настан. Шоуто ќе се одржи на 2-ри мај во Лас Вегас во салата „МGМ Grand”.

Најевтиниот билет за ова шоу во моментов е по цена од 4.175 долари, додека најскапите се за 64.689 долари. Просекот за билет е 10.506 долари, што е за 50 долари повеќе од картите на најголемото шоу во САД, „Супер Боул“.

Цената на платеното телевизиско емитување исто така е рекордна. Задоволството да се следи средбата на телевизија ќе го чини секој 100 долари.

Промоторот на Пакиао – Боб Арем, се пожали од постојаните нарачки за ВИП билети од познати личности.

Наградниот фонд на овој дуел е 250 милиони долари, од кои Американецот ќе добие 150, а Филипинецот – 100 милиони долари.

37-годишниот Мејведер има 47 победи во 47 натпревари на професионалниот ринг, од кои 26 од нив со нокаут. 36-годишниот Пакиао има 57 победи, пет порази и две ремија во 64 дуели, а 38 сребди ги завршил по нокаут на противникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП