18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРаботна група на ФИФА предложи СП во Катар да се игра во...

Работна група на ФИФА предложи СП во Катар да се игра во зима

katar fudbal

Посебна работна група на ФИФА, во вторникот, предложила Светското првенство во Катар во 2022-ра година да се одржи во ноември и декември. Конечната одлука кога точно ќе се одржи Мундијалот во Катар ќе биде донесена на седницата на ФИФА, која наредниот месец ќе се одржи во Цирих.

Работната група исто така предложи СП во Катар да трае нешто пократко од вообичаеното, но на истото како што е вообичаено да учествуваат 32 репрезентации и да бидат одиграни 64 натпревари.

Традиционално СП се игра во јуни и почетокот на јули, но во овие месеци во Катар е невозможно да се игра поради екстремно високите температури.

Најголем дел од националните сојузи се согласни првенството да се одигра во ноември или декември, додека незадоволство изразија од Меѓународниот олимписки комитет бидејќи на тој начин Мундијалот ќе се поклопи со одржувањето на Зимските олимписки игри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП