
Денеска во Виена беа извлечени осминафиналните двојки во ракометната Лига на шампиони.


Денеска во Виена беа извлечени осминафиналните двојки во ракометната Лига на шампиони.
Жрепката на македонскиот преставник Вардар во осиминафиналето за противник му го додели полскиот преставник Висла Плок.
Полскиот тим е седумкратен шампион на својата земја и десеткратен освојувач на националниот Куп, но во Европа нема некој позначаен резултат. Има две учества во четвртфиналето, во 1994-та во Купот на ЕХФ и 1997-ма година во Купот на победниците на куповите.
Кога станува збор за останатите осминафинални двојки, најмногу внимание привлекува германскиот двобој помеѓу европскиот првак Фленсбург и Кил, што ќе биде реприза на минатосезонското финале.

Осминафинални двојки во ЛШ:
Ла Риоха-Веспрем
Монпелје-Киелце
Олборг-Барселона
Фленсубрг-Кил
Данкерк-ПСЖ
Висла Плок-Вардар
Рајн Нејкар Ловен-ПИК Сегед
ППД Загреб-Колдинг Копенхаген.
Првите средби од осминафиналето во ракометната Лига на шампиони се закажани за периодот од 11-ти до 15-ти март, додека реваншите се на програмата од 18-ти до 22-ри март.