17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКириленко се врати во ЦСКА

Кириленко се врати во ЦСКА

kiri cska

Еден од најдобрите европски кошаркари во изминатата деценија, Андреј Кириленко, втор пат се врати во редовите на ЦСКА Москва. 34-годишниот крилен играч со „армејците“ потпишал договор до крајот на сезоната.

Со доаѓањето на Кириленко, екипата на Димитрис Итудис се наметнува како еден од главните фаворитие за освојување на титулата во Евролигата.

„Драго ми е што се вратив во мојот омилен тим. Се ближи времето кога ќе мора да размислувам за завршување на кариерата, а тоа е најдобро да го правам во тимот кој го сакам“, рекол Кириленко.

Искусниот Кириленко не играл кошарка од декември минатата година кога од Бруклин беше трејдуван во Филаделфија. Откако Филалделфија не најде ниту еден тим кој би ја превземал неговата плата од 3,3 милиони долари до крајот на сезоната му дозволи да си замине.

Кириленко во 2001-ва година заигра во НБА лигата, каде во првите седум сезони настапуваше во Јута, додека немаше премногу успех во Минесота и Бруклин.

Рускиот кошаркар има едно учество на „Ол Стар“ натпреварот, а во 2005-та година беше најдобар блокер во лигата. Со репрезентацијата на Русија во 2007-ма година стана европски првак.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП