29 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Сити-Барселона, Јувентус-Борусија

ЛШ: Сити-Барселона, Јувентус-Борусија

ch liga

Осминафиналната фаза во Лигата на шампиони ќе продолжи во вторник со натпреварите Манчетсер Сити-Барселона и Јувентус-Борусија Дортмунд.

Сити и Барса пред една година во истата оваа фаза се сретнаа во ЛШ, а двомечот заврши со вкупен триумф на Барселона од 4:1. Барселона и оваа сезона е благ фаворит против „граѓаните“, но самодовербата им е малку разнишата во пресрет на пресметката на „Итихад“.

Барселона во саботата неочекувано загуби на домашен терен од Малага (0:1) со што тимот ја прекина серијата од 11 победи. Од друга страна Сити во првенството го декласира Њукасл (5:0) и ја намали предноста на Челзи на пет бода.

„Пред овој неуспех Барселона имаше 11 победи така што не можете да го критикувате тимот. Можеби доколку игравме против нив во декември, кога беа во нешто полоша форма, ќе беше подобро за нас. Ова сега е вистинската Барселона“, изјавил менаџерот на Сити, Мануел Пелегрини, кој на оваа средба нема да може да смета на суспендираниот Јаја Туре.

Барселона против Сити ќе ја предводат Нејмар, Суарез и Меси имиња кој за секој противник делуваат застрашувачки. Тешко е да се поверува дека тим со ваков напад може на два натпревари по ред да не постигне гол.

Јувентус на својата арена ќе ја пречека Борусија Дортмунд и на некој начин ќе бара одмазда за поразот во финалето на ЛШ во далечната 1997-ма година.

„Старата дама“ и сезонава игра добро во домашното првенство, додека во ЛШ со малку повеќе труд стигна до втората фаза. Јуве во првенството победил на 70 отсто од натпреварите, додека Борусија со трите победи во низа навести дека излегува од кризата во Бундеслигата, бидејќи во групата во ЛШ без проблеми го освои првото место.

„Сакаме да им покажеме на луѓето колку можеме да направиме во Европа. Мораме да имаме позитивен пристап бидејќи сме единствениот италијански тим во оваа фаза во ЛШ. Борусија е опасен тим, особено со опасни нивните контранапади. Имаат исклучително брзи играчи“, изјави столбот на одбраната на Јувентус, Џороџо Кјелини.

„Имаме три победи во низа и тоа е добро за нас. Во Торино не очекува тежок натпревар. Јувентус е најдобриот италијански тим во овој момент кој може да слави над било која друга екипа. Мене лично ќе ми биде чест што ќе играм против играчи какви што се Пирло и Буфон“, рече најдобриот стрелец на Борусија, Пјер-Емерик Обамејанг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП