18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Трипл дабл“ на Џејмс Харден

„Трипл дабл“ на Џејмс Харден

james harden

НБА во ноќта меѓу понeделникот и вторникот понуди осум натпревари кои минаа во знакот на Џејмс Харден и екипата на Њу Орлеанс. Харден го забележа вториот „трипл дабл“ во сезоната, додека Њу Орлеанс надополни негатива од 18 поени и славеше над Торонто.

Харден ги промаши првите седум шутеви но потоа ја „намести раката“ и го предводеше Хјустон со 31 поен, 11 скокови, 10 асистенции до победата над Минесота (113:102). Уште петмина кошаркари на Хјустон постигнаа двоцифрен број на поени, додека кај Минесота се истакна Ендру Вигинс со 30 поени и 6 скока.

Иако без двајца клучни играчи (Дејвис и Андерсон) Њу Орлеанс ја продолжи серијата победи. Пеликаните против Торонто надополнија негатива од 18 поени и славеа со 100:97. Шест играчи на Њо Орлеанс постигнаа двоцифрен број на поени, а најефикасен беше Лук Бебит со 18 поени.

Шампионот Сан Антонио се наоѓа во криза, против Јута го запиша третиот пораз во низа. Треј Брук со 23 поени беше предводникот на Јута во победата од 90:81.

Мемфис во дербито славеше на Клиперси со 90:87 и се зацврсти на втората позиција во Западната конференција. Мајк Конли со 18 и Џеф Грин со 16 поени беа најефикасните играчи во тимот на Мемфис, додека Клиперси ги предводеше Крис Пол со 30 поени и 10 асистенции.

Резултати: Мајами-Филаделфија 119:108, Чикаго-Милвоки 87:71, Денвер-Бруклин 82:110, Феникс-Бостон 110:115.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП