8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШок во Рим, Стротман би можел да ја заврши кариерата

Шок во Рим, Стротман би можел да ја заврши кариерата

stro povreda

Холандскиот репрезентативец Кевин Стротман предвреме би можел да стави крај на својата кариера. Играчот за кого интерес покажува Манчетсер Јунајтед никако не може да го залечи колено, а повредата ја обнови на натпреварот со Фиорентина.

Стротман (25) поради повредата на коленото паузираше осум месеци, поради што и го пропушти Светското првенство во Бразил. По враќањето на терените во јануари годинава тој ја обнови повредата поради што во понеделникот бил повторно опериран.

„Операцијата не мина совршено, Стротман би можел да ја заврши кариерата“, изјавил поранешниот доктор на Рома, Марио Брози.

Стротман во кариерата бил играч на Спарта од Ротердам, Утрехт и ПСВ Ајндховен од каде во 2013-та година за сума од 20 милиони евра се пресели во Рома.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП