18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГолемата цел поради која Ројс ги одби Реал Мадрид и другите клубови

Големата цел поради која Ројс ги одби Реал Мадрид и другите клубови

marco-reus22222

Најпопуларниот фудбалер на Борусија (Дортмунд), Марко Ројс ја откри најголем цел за следните неколку години.

„Сакам тимот повторно да ја освои титулата во Бундеслигата. Посакувам да ја искусам оваа возбуда. Ќе дадам се за таков успех и имам силно чувство дека во некоја фаза тоа навистина ќе се случи“, изјави репрезентативецот за „Кикер“.

Ројс не беше во составот при двете титули од 2011-та и 2012-та година, поради тоа што беше доведен во клубот токму по вториот триумф.

Неговата одлука да остане во Борусија изненади многумина, бидејќи одбивањето на понудите на европските гиганти како Реал Мадрид, ПСЖ, Баерн (Минхен), Барселона, Манчестер Сити и други.

Во договорот имаше клаузула според која тој можеше да замине на крајот на сезоната за сума од скромни за неговите квалитети 25 милиони евра. Ројс сепак потпиша нов договор до 2019-та година, во кој веќе не постои слична клаузула.

„Решив дека тоа е најдобро место за мене. Дортмунд е мојот роден град, тука живеат моето семејство и моите пријатели. Освен тоа не е се во животот поврзано со фудбал“, додаде 25-годишниот офанзивен играч од средниот ред.

Екипата на Јирген Клоп постепено се враќа кон старите патеки, откако забележа три последователни победи во Бундеслигата и се измолкна од зоната за испаѓање, каде беше цела зима.

„Мирот во клубот за време на кризата покажа колку сме силни. Никој не зборуваше празни епови“, среќен е Ројс.

Утре доаѓа уште еден голем тест за „милионерите“ – гостување на Јувентус во првата средба од осминафиналето во Лигата на Шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП