6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАБА лига: Пипан доби отказ, Беќировиќ нов тренер на Олимпија

АБА лига: Пипан доби отказ, Беќировиќ нов тренер на Олимпија

memi becirovic

Кошаркарскиот клуб Олимпија од Љубљана соопшти дека Меми Беќировиќ е наследникот на Алеш Пипан на тренерската функција. Беќировиќ потпишал договор до крајот на сезоната.

Поранешниот македонски селектор и тренер на МЗТ, Пипан, доби отказ по поразот во полуфиналето на националниот Куп од Златорог (72:63).

Меми Беќиревиќ во сезоната 2007/2008 со Олимпија ја освои двојната круна во првенството на Словенија.

Во тренерската биографија му стои дека работел во Римини, Хелиос од Домжале, Азомваш, Остенде, Махрам, а бил и селектор на Словенија и Иран.

Олимпија во АБА лигата се наоѓа на петтото место со скор од 12 победи и 10 порази.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП