6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПријави против организаторот и „Работнички“ за запален факел фрлен на терен

Пријави против организаторот и „Работнички“ за запален факел фрлен на терен

rabotnicki kup

Организаторот на кошаркарскиот натпревар меѓу Работнички и Кожуф и клубот Работнички ќе добијат пријави бидејќи навивачите фрлиле еден од запалените факели на спортскиот терен.

Инцидентот се случил во неделата за време на кошаркарскиот натпревар, кога навивачите на „Работнички“ запалиле 20 факели и еден фрлиле на терен во спортската сала „Јане Сандански“.

По документирање на случајот против организаторот и КК „Работнички“ ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Кошаркарскиот клуб „Работнички“ го освои Купот на Македонија со победа над Кожуф со резултат 74:66.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП