18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед и Арсенал во битка за белгиски репрезентативец

Јунајтед и Арсенал во битка за белгиски репрезентативец

tobi mobi

Дефанзивецот на Саутемптон Тоби Алдервилед привлекол сериозен интерес кон себе. Според англиските медиуми, белгискиот репрезентативец е трансфер цел на два гиганти на „Островот“ – Манчестер Јунајтед и Арсенал.

Проблем пред евентуалната зделка може да се покаже фактот дека Алдервилед игра во Саутемптон како позајмен играч. Јуниорот на Ајакс всушност е сопственост на Атлетико Мадрид.

„Светците“ имаат опција да го купат на крајот на сезоната за 9 милиони евра, доколку за тоа се согласат и „јорганџиите“. Тие сепак можат да го продадат и на друг клуб, а можат и да си го вратат во Мадрид.

Инаку, самиот фудбалер веќе изрази желба да остане во Англија, па поради тоа може да се очекува тој и следната сезона да настапува во Премиерлигата, но останува да се види во кој клуб.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП