5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Победа на Атланта, пораз на Голден Стејт

НБА: Победа на Атланта, пораз на Голден Стејт

milvoki

Атланта во Милвоки ја прекина серијата од два порази со победата од 96:87. Перо Антиќ во победата партиципираше со три поени и еден скок. Атланта со 44 победи и 12 порази е лидер во Источната конференција.

Во Милвоки победата на Атланта ја креираше Пол Милсап со 23 поени и 16 скокови, Ал Хорфорд имаше учинок од 15 поени и 8 скока, а Денис Шредер уфрли 12 поени.

Лидерот во шампионатот Голден Стејт, без Стефон Кари, загуби во Индијанаполис од Индијана со 104:98. Родни Стаки со 30 поени ја предводеше Индијана до победата, додека на спротивната страна Клеј Томпсон постигна 39 поени.

Расел Вестбрук ја предводеше Оклахома до шестата победа во низа со 21 поен и рекордни во кариерата 17 асистенции. Оклахома која играше без Кевин Дурент славеше над Денвер со 119:94.

Резултати: Њујорк-Кливленд 83:101, Детроит-Вашингтон 106:89, Орландо-Филаделфија 103:98, Далас-Шарлот 92:81, Портланд-Мемфис 98:92, ЛА Лејкерс-Бостон 118:111.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП