Фудбалскиот клуб Парма е исфрлен од Серија А и до крајот на сезоната сите натпревари кои ‘млекарите’ требаше да ги одиграат ќе бидат регистрирани со пораз на клубот од 3:0.
Парма по 23.кола во Серија А е на последното место на табелата со само 10 освоени бодови, а неделниот натпревар со Удинезе е откажан поради кризата во која се наоѓа клубот.
Парма веќе неколку месеци се наоѓа во сериозни проблеми, новите сопственици предводени од Џанпјетро Манети се обидоа да го спасат клубот од банкрот, но тие не ги испочитуваа роковите за исплата на долговите.
Долгот на Парма изнесува 95 милиони евра.