24 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФернандо Алонсо заврши во болница

Фернандо Алонсо заврши во болница

fa

Возачот на Мекларен, Фернандо Алонсо, имал несреќа за време на тестирањето во Барселона. Шпанскиот возач по инцидентот веднаш со хеликоптер бил префрлен во најблиската болница.

Двократниот светски првак удрил во ѕид, но според информациите повредите не се сериозни бидејќи во свесна состојба бил хоспитализиран.

„Се чини дека сé е во ред“, изјавиле од Мекларен, а нешто подоцна истото го потврдил и неговиот менаџер на Twitter: „Фернандо е свесен. Ви благодарам, немам повеќе информации“.

Инцидентот се случил околу пладне, а сé уште е нејасно дали Алонсо направил грешка или нешто не било во ред со болидот на Мекларен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП