4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCERESIT – ваш посветен партнер веќе осум години

CERESIT – ваш посветен партнер веќе осум години

20130306-215518.jpg

Иновативната компанија “Хенкел“, на годишниот саем на градежништво во Скопје на својот штанд Ceresit (Цересит) претстави нов лепак за керамички плочки CM11 PLUS, напредна верзија од производот CM11, како и некои од своите најзначајни производи кога станува збор за лепила за керамика, инјекциска смеса, силикони, термоизолација и фасади, хидроизолација, самонивелирачки ​​маси и лепила за широка употреба.

Континуираното вложување во развој и иновации во производствената програма, како и врвниот квалитет на производите кои ги исполнуваат строгите еколошки стандарди се она по што Ceresit се разликува од другите брендови.

Ова најдобро се илустрира со податокот дека CM11 е нивниот најпродаван производ.

„На македонскиот пазар сме присутни осум години, период за кој станавме лидер во областа на лепила за керамика, благодарение на врвниот квалитет. Истовремено работиме и на ширење на дистрибутивната мрежа, со цел да обезбедиме уште поголема застапеност во малопродажбата и да ги задоволиме потребите на сите наши потрошувачи.Oваа година планираме и значајни инвестиции за да им обезбедиме што е можно подобри услови на нашите партнери и крајните корисници и да потврдиме дека сме сигурен и квалитет партнер во градежништвото”, изјави Мислав Смолчиќ, маркетинг директор на Henkel Ceresit.

На штандот Ceresit посетителите имаа можност да се уверат во квалитетот на производите, како и уникатниот изглед на „Ceresit Stretch hood палетата“, еден сосема нов начин на пакување палети.
Оваа иновација вредна повеќе од 500.000 евра, ја намалува можноста на деформација на палетата на производи при транспорт, како и обезбедува посигурно складирање на палетите во надворешен простор, се со цел да се осигура што подобро задоволување на потребите на партнерите во малопродажбата и крајните корисници на Ceresit производите.

20130306-215544.jpg

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП