5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМечот Мејведер и Пакјао закажан за 2-ри мај

Мечот Мејведер и Пакјао закажан за 2-ри мај

mayweather-pacquaio-preview_3253832 (1)

Бокс мечот на векот како што го нарекуваат, односно борбата помеѓу Флојд Мејведер и Мани Пакјао конечно е закажан и истиот ќе се одржи на 2-ри мај во Лас Вегас.

Мејведер, во моментов е непоразен во 47 професионални борби, а негов влог во борбата ќе бидат титулите во велтер категорија во верзиите WBC и WBA, од друга страна Пакјао во кариерата има 57 победи и 5 порази и е светски првак во верзијата WBO.

Според очекувањата борбата ќе има приход од 250 милиони долари, што значи дека ќе биде најскапиот меч во историјата на боксот. Исто така се претпоставува дека мечот ќе постави нов рекорд во гледаност, односно дека ќе ја урне гледаноста од 2,4 милиони гледачи и мечот помеѓу Мејведер и Оскар де ла Хоја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП