2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Дебакл на Атланта

НБА: Дебакл на Атланта

pericaaa

Кошаркарите на Атланта во својот прв меч по паузата за Ол Стар викендот претрпеа катастрофален пораз на домашен терен од екипата на Торонто (80:105).

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ во 12-от пораз на својот тим на теренот мина нешто помалку од 10 минути и имаше учинок од пет поени и два скока. Атланта имаше катастрофална реализиција од поле и поради тоа го загуби мечот, нејзините кошаркари од поле шутираа со 33 отсто, додека за три поени погодија само 21 отсто од ударите.

Тројца играчи на Атланта постигнаа по 11 поени (Милсап, Тиг и Корвер). Вилијамс со 26 и Дерозан со 21 поен беа предводници на Торонто до 37-та сезонска победа.

Во дербито на вечерта Голден Стејт предводен од Стеф Кари (25 поени, 11 асистенции) славеше над Сан Антонио со 110:99.

Далас во тексашкиот дуел славеше над Хјустон (111:100). Осуммина играчи на Далас постигнаа двоцифрен број на поени, додека Џејмс Харден со 26 поени го предводеше Хјустон.

Резултати: Орландо-Њу Орлеанс 95:84, Филаделфија-Индијана 95:106, Детроит-Чикаго 100:91, Њујорк-Мајами 87:111, Минесота-Феникс 111:109, Вашингтон-Кливленд 89:127, Милвоки-Денвер 89:81, Јута-Портланд 92:76, Сакраменто-Бостон 109:101, ЛА Лејкерс-Бруклин 105:114.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП