18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМонако има многу понуди за Фалкао

Монако има многу понуди за Фалкао

ramko

Од Монако открија дека за Радамел Фалкао има сериозен интерес од многу тимови кои се меѓу водечките во своите првенства.

Во моментов Фалкао игра под наем во Манчестер Јунајтед, а „црвените ѓаволи“ може да имаат корист од опцијата која е запишана во неговиот договор и да го привлечат за постојано.

Манчестер Јунајтед ќе мора да плати 43.2 милиони фунти на Монако, ако сака да го земе Фалкао. Тоа е сумата која е запишана во договорот помеѓу двата клуба.

„Не се грижам за Фалкао. Тој е напаѓач од топ класа“, изјави потпретседателот на Монако Вадим Василјев во интервју за „BBC“.

„Ако Манчестер Јунајтед се одлучи да не ја искористи клаузулата, која е запишана во договорот и не го откупат, имаме понуди за Фалкао и од други тимови. Не се грижам за него“, додаде Василјев.

Манчестер Јунајтед плати 6 милиони фунти на Монако, за да го земе Радамел Фалкао како позајмен играч, а тој добива плата од 265.000 фунти неделно.

29-годишниот напаѓач постигна само четири гола во 19 натпревари во дресот на „црвените ѓаволи“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП