20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДани Алвес е тажен, Барса не му понудила нов договор

Дани Алвес е тажен, Барса не му понудила нов договор

dani-alves

Бразилецот Дани Алвес (31) бил тажен бидејќи никој од клубот не го повикал да разговара околу новиот договор, а актуелниот му истекува по завршувањето на сезоната.

„Не е вистина дека Барселона му понудила нов едногодишен договор. Никој не нé контактирал, дури ни телефонски. Дали е Алвес разочаран? Мислам дека тоа не е вистинскиот збор, тој е тажен бидејќи многу му дал на клубот и е стандарден првотимец. Оваа сезона игра на речиси секој натпревар и поради тоа очекувавме повик од управата“, изјавила менаџерката на Дани Алвес, Динорах Санта Ана, дополнувајќи дека нејзиниот клиент има неколку понуди од странски тимови.

Бразилецот во Барселона пристигна во 2008 година од Севилја и учествуваше во освојувањето на сите титули во изминатите седум години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП