4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо: Ќе останам додека сака Абрамович, а Тери ќе добие нов договор

Мурињо: Ќе останам додека сака Абрамович, а Тери ќе добие нов договор

jose_mourinho_chelsea_jaguar_f_type_coupe-367122-620x350

Тренерот на Челзи, Жозе Мурињо, во петокот изјави дека не преговара со клубот околу продолжување на договорот.

Португалецот со оваа изјава ги дематираше тврдењата на британските медиуми кои пишуваат дека тој наскоро ќе го продолжи договорот.

„Во моментов не ми е потребен нов договор, бидејќи актуелниот ми важи уште две години. Мислам дека луѓето во клубот се задоволни, а исто така сите знаат дека јас сакам да останам. Ќе останам во Челзи сé додека така сака господинот Абрамович“, изјавил Мурињо.

Португласкиот тренер дополнил дека капитенот Џон Тери (34) наскоро ќе потпише нов едногодишен договор.

„Тери во Челзи е повеќе од 20 години и тој сака да остане во клубот. Тој ја прифати клупската политика играчите кои имаат преку 30 години да добиваат едногодишни договори. Тери го прифати предизвикот и заслужи нов договор“, рекол Жозе Мурињо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП